Во Франција денеска продолжува потрагата по затвореникот Мохамед Амр – „Мувата“, кој вчера побегнал од полициското комбе кое го превезувало во затвор.
Тој се враќал од судското рочиште во Руан за обвинение за обид за убиство кога автомобилот удрил во затворско комбе на патарина.
Вооружените напаѓачи отвориле оган и ги убиле двајцата чувари, а Амр побегнал со напаѓачите.
Парискиот обвинител изјави дека две возила за кои се верува дека биле користени од криминалци биле пронајдени изгорени на различни локации подоцна во вторникот, јавува Би-Би-Си.
На 10 мај, Амр беше осуден за кражба, а обвинителите во Марсеј го обвинија за киднапирање што резултираше со смрт.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен во вторникот објави дека е започната голема потрага по непознатите напаѓачи, а се распоредени и хеликоптери.
„Се користат сите средства за да се пронајдат овие криминалци. Според моите инструкции беа мобилизирани неколку стотици полицајци и жандарми“, напиша Дарманен на платформата Х.
„Апсолутно ќе се направи се за да се откријат сторителите на ова грозоморно злосторство“, изјави министерот за правда Ерик Дупон-Морети за телевизијата БФМ.
Би-би-си јавува дека во престрелката се повредени тројца полицајци.