517
Рајола повеќе од еден месец е хоспитализиран, откако нагло му се влошила ситуацијата и потоа итно врз него била направена операција, а денеска сите италијански и светски медиуми ја објавија неговата смрт.
Но, докторот Алберто Ѕангрило од клиниката Сант Рафаеле за „АНСА“ објави дека не се вистинити информациите за смртта на Рајола.
-Јас сум шокиран за брзбројните повици од новинари, кои шпекулираат со смрт на човек што се бори за својот живот, рекол Ѕангрило.
Новинарот на Њујорк Тајмс, Тарик Панџа, пак, објави дека од британски менаџер добил информација дека Рајола не е починат, но дека е многу тешко болен.
Даниела Матар, од „Асошиетед Прес“, објави дека од менаџерската агенција на Рајола ѝ потврдиле дека менаџерот не е мртов.