Во повеќе градови во Србија и соседните земји се палат свеќи во знак на поддршка за семејствата на жртвите од вчерашниот масакр, во кој момче (13) уби осум соученици и обезбедување во белградското училиште Владислав Рибникар, а повреди уште шест ученици и наставник по историја.
Граѓаните на Загреб од вечерва палат свеќи на споменикот на „Цветниот плоштад“, јавуваат хрватските медиуми.
Граѓаните на Будва претходно денеска со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите во Белград и апелираа до властите за поголема безбедност во образовните институции.
Собирот го организираше Советот на родители на второто основно училиште во Будва, а на собирот беше истакнат транспарент: „Оваа минута молк е резултат на долгогодишното молчење. Скрши ја тишината!“.
Претходно во средата беа запалени свеќи и на Плоштадот Слобода во Тузла. Свеќи беа запалени и во Мостар, Бања Лука и други градови.
Од вчера бројни граѓани и јавни личности од сите земји создадени со распадот на Југославија им оддаваат почит на жртвите и им даваат поддршка на нивните семејства.
Во Босна и Херцеговина е прогласен и ден на жалост, покрај тридневната жалост што претходно беше прогласена во Србија.