На ГП Табановце, ГП Пелинце и ГП Богородица за влез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, иако интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Од вчеравечер во 19:00 ч. преминот Барбарос, од Прилеп кон Македонски Брод е во прекин поради сообраќајна незгода, додаваат од АМСМ.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, информираат од АМСМ.