340
Жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите, соопштуваат од Министерството за правда, откако министерот Кренар Лога ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи.
Со измените е предвидено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од три години, да може да ги користи поволностите во согласност со правилникот и куќниот ред од КПУ „Идризово“.
– Со измените на Правилникот повеќе нема да има дискриминација на осудените лица од женски пол во женското одделение, наспроти осудените од машки пол, велат од Министерството за правда.