Цаца Николовска: Не би калукулирала со време кога ќе биде готов текстот за уставните амандмани

by Fokus

Претседателката на работната група за подготвување на предлог-иницијатива за потребата од уставни измени и поранешна судијка Маргарита Цаца Николовска, не сака да шпекулира со време кога ќе го завршат текстот на иницијативата за уставни измени.

Таа ова го изјави по завршувањето на денешниот состанок на групата, како одговор на претходните изјави од Владата дека очекуваат до крајот на мај да биде познат текстот на уставните амандмани.

„Не би калкулирала со време, факт е дека ние сакаме што е можно побрзо да се заврши оваа работа, но тоа не зависи само од нас. Можам да ви гарантирам дека ќе работиме крајно транспарентно и дека ќе бидете известени апсолутно за се што работиме и како работиме. На денешната седница го разгледувавме деловникот. Завршивме со негово разгледување и во петок ќе го гласаме истиот“, рече Цаца Николовска по завршување на состанокот.

Таа рече дека секој член на работната група ќе сака нешто да каже на што има право.

„Сето тоа треба да се разгледува, да се сумира и во зависност од сето тоа ќе оди драфтирање на предлог нацрт амандманите“, рече Цаца Николовска.

Работната група за подготовка на предлог иницијативата за потребата од уставни измени, за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, ја сочинуваат 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови од институции.
Ова е услов за отворење на кластерите во процесот на преговори со Европската Унија.

Поврзани новости