Царовска за најавените смени на министри: Не стравувам од ништо што е добро за државата

by fokus

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вели дека со пакетот социјални закони се реформира целиот систем на социјална заштита со цел да се извлечат граѓаните од ранливите категории од сиромаштија, ќе се спречи трансгенерацискиот пренос на сиромаштијата од едно на друго колено, со тоа што ќе им де дадат повеќе средства, но и ќе се вкчучат на пазарот на труд.

-Велиме да, им даваме повеќе пари на тие семејства, даваме детски додаток и ги вклучуваме децата во школо, но, бараме тие да се доквалификуваат и да се обучат за некоја работа за да на крај ги донесеме до вработување, затоа што тие се потенцијал од 30 илјади семејства кои треба да се вклучат во економијата и затоа што вистинското излегување од сиромашатијата не е преку социјални трансфери, како што не е  ниту во најразвиените држави, туку преку вработување, рече Царовска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Трансгенерацискиот пренос на сиромаштијата, вели Царовска, меѓудругото, ќе се спречи и преку детскиот и образовниот додаток.

-Тоа мора да се спречи преку овие детски трансфери, треба образованието да го гарантираме за секое дете во социјален ризик, да му дадеме еднакви услови и шанса за старт, како и за сите деца во општеството за да сме сигурни дека нема да го продолжат преносот на сиромаштија, рече министерката Царовска.

Во врска со промените во СДСМ и најавените промени во Владата, Царовска истакна дека смета оти секоја промена носи свежина и дека е добро што оваа се случува на половина од мандатот кога може да се направат пресеци.

Министерката е сигурна дека одлуките што ги носи и ќе ги донесе премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев ќе даде дополнителна енергија.

– Победивме на изборите и по победата партија која е силна да направи интерни промени, да направи промени во Владата покажува дека е подготвена за уште поголем ентузијазам во имплемнтација на мерки и реализација на програмата, рече Царовска.

Таа е сигурна дека премиерот Заев одлуките ќе ги носи врз основа на учинок, како и што најави и врз основа на односот на министрите и функционерите воопшто кон граѓаните.

-Јас верувам во него и неговите одлуки и сигурна сум дека се што ќе направи како чекор ќе не донесе кон подобри и подобри резултати. Не стравувам од ништо се додека тоа е за добро на иднината на државата, потенцира министерката за труд и социјална политика. 

Поврзани новости