Трансферот на буџески средства во Фондот на пензиско осигурување е речиси тројно зголемен во периодот од 2006 до 2016 година и минатата година и тоа говори колку неодговорно ВМРО-ДПМНЕ се однесувало кон пензиите и пензионерите во Македонија, рече денеска министерката за труд и социјална политика.
Информира дека дупката во Фондот на ПИОМ или трансфер буџетот во 2005 година бил 7,7 милијарди денари, а во 2016 година дупката во ПИОМ се зголемила тројно, односно недостигот на средства е 21,2 милијарда денари.
– Оваа дупка е огромна и ние ќе се трудиме да најдеме начин како ќе го стабилизираме. Затоа ни е важно да имаме повисоки плати во РМ, а со тоа ќе добиеме и повисоки пензии. Колку ја зголемувате дупката во ПИОМ толку помалку внимавате за квалитетот на живот на пензионерите – рече Царовска.
Одговарајќи на новинарско прашање истакна дека нема да се укинуваат никави права на пензионерите, како што се бесплатниот јавен превоз или бесплатните бањи и викенди, ниту за тоа станало збор.
Рече и дека нема никаков официјалн став или предлог од Министерството за финансии за зголемување на старосната граница за пензионирање.
Во врска со последните случувања во ССМ, таа истакна оти остава синдикатите самостојно да се реорганизираат и навистина да застанат во заштита на работниците.