Царовска вети минимална пензија од 10.700 денари и поголема просечна плата за 30 отсто

by Фокус
Мила Царовска, носителка на листа на пратеници на СДСМ во првата изборна единица, вечерва на трибина во Аеродром истакна дека изминатите три години се направени клучни реформски процеси кои, според неа, значат многу за развој на праведно општество и вложување во граѓаните.
-Не запираме тука, туку продолжуваме со реформските процеси. Минималната плата во следниот мандат ќе ја зголемиме до 40 отсто, а просечната до 30 отсто. Не ги забораваме и највозрасните. Новото ниво на минимална пензија ќе изнесува 10.700 денари – вети Царовска.

Поврзани новости