Царовска: Училницата е најдобра опција

by fokus

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, вечерва на маалска средба со жителите на Општина Кисела Вода заедно со кандидатот за градоначалник Филип Темелковски, истакна дека во изминатите четири години власта посветила огромно внимание на развој на подобри услови за живот, школување и вработување на младите.

-Во таа насока се и образовните реформи со кои го подобруваме квалитетот на наставата, но и ги подготвуваме сегашните и идните генерации за идните работни места и времето коешто допрва ни доаѓа – рече Царовска.

Таа додаде дека во услови на пандемија се води вистинска грижа за учениците и младите.

-После година и половина ги отворивме училиштата за сите ученици под безбедносни протоколи и мерки за заштита, затоа што учењето во училница е најдобра опција. Училиштата ги подготвивме за имплементација на реформите во прво и четврто одделение со потребните нагледни средства, дидактика, смарт табли, таблети и слично – рече Царовска.

Поврзани новости