Новата концепција треба итно да ја донесеме за да имаме период да подготвиме наставни програми. Таа предвидува современ систем на образование кој значи интегрирана педагогија што веќе 20 години ја има во најголем дел од развиените земји во светот. Обврска е и од Законот за основно образование, кој беше донесен минатата година, а и во Националната стратегија за развој на образованието 2018-2025 е јасно укажано дека основното образивание мора итно да се реформира – со интегрирање, промена на програми, нови содржини и нови наставни материјали, а учебникот да не се употребува како единствено средство за учење.
Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на седницата за пратенички прашања, посочувајќи дека за реформи во образованието се зборува 15 години, но не се прават чекори, и дека сите домашни и меѓунарпдни анализи покажуваат дека нашето образивание не ги дава поребните ефекти и учениците не поседуваат знаења за да се снаоѓаат во одредени ситуации, да донесуваат одлуки врз основа на аргументи.
Поразителни се фактите според кои сме на дното на листите на меѓунарпдни анализи, рече Царовска, како пример посочувајќи дека само 40 отсто од нашите второодделенци читаат со разбирање или решаваат математички задачи со текстуален дел. Таа најави дека во 2021 ќе има пилот-национално тестирање за да добиеме и своја анализа.
Нацрт-концепцијата е подготвена од работна група која предложила, како што рече министерката, многу современ, македонски концепт на образивание, кој првпат почнува од национални стандарди за образование зашто нашата држава никогаш не подготвила кои се резултатите од улење што секој ученик мора да ги има по завршување на деветтото одделение.
– Оваа концепција сега, усогласена со препоралите од Советот на Европа и ОЕЦД, предвидува осум резултати по завршување на деветто одделение – резултати во јазична писменост, користење друг јазик, математика, природни науки, технологија, дигитална писменост, личен и социјален развој, демојратска култура и граѓанско претприемништво, уметничко изразување, култура и мултикултура, рече Царовска, нагласувајќи дека пред се треба да се смени системот на фактографско учење зашто никаде во светот учениците не се насочуваат да учат факти од книгите, зашто се веќе лесно достапни, туку да истражуваат и анализираат.