Царовска: Тимот кој еднаш дал одлични резултати ќе освои нов мандат

by Фокус
Носителката на листа на пратеници на СДСМ во првата ИЕ Мила Царовска денес изјави дека на престојните парламентарни избори СДСМ и коалициските партнери ќе го потврдат континуитетот на започнатите реформски процеси во земјата.

-Тимот којшто еднаш дал одлични резултати истите ќе ги повтори и во новиот мандат за којшто сум уверена дека ќе го добиеме со силна поддршка од граѓаните. Ќе го добиеме со вистинска доверба од граѓаните на нашето европско и обединето Скопје. Во првиот мандат покажавме што значи почит кон граѓаните. Почит кон сите, без разлика на нивниот социјален статус, пол, вероисповед или определба. Донесовме нови вредности, нови стандарди и создадовме општество во кое сите, без исклучок, имаат и ќе имаат еднакви права и можности – рече Царовска.

Поврзани новости