Царовска: Со субвенционирање на придонесите, пораснаа платите на скоро 45.000 работници

by Фокус

Со мерката за субвенционирање на придонесите поради покачување на платите 44.940 работници во реалниот сектор добиле зголемена плата, a во просек платите на овие вработени се зголемени за 4.100 денари, истакна министерката за труд и социјала Мила Царовска.

-Оваа мерка дава одлични резултати, 44.940 работници во реалниот сектор добиле зголемување на плата со оваа мерка која законски е гарантирана и согласно со која работодавачките се ослободени од плаќање придонеси за зголемување на плата од 600 до 6.000 денари. За ноември просечно овие 44.940 работници добиле зголемување од 4.100 денари – рече Царовска.

Таа додаде дека во реалниот сектор има 490 илјади работници, така што зголемување на платите има кај 9 отсто од нив. Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, појасни дека одобрувањето на субвенциите било мошне едноставно за работодавачите преку целосно автоматизиран процес.

– Во УЈП 422 работодавачи за октомври пријавиле зголемување на платите за своите работници за 6.584 лица користеле право на субвенции на придонеси во износ од 6.474.587 денари, додека за ноември оваа бројка е повисока и 7.613 работодавачи искористиле субвенции во висина од 77.573.565 денари за 44.940 работници – информира Лукаревска.

Поврзани новости