Царовска: Следиме модел кој наликува на Финска, предметот историја се става во општествени науки

by Fokus

Стигнавме до концепција, модел кој наликува на Финска, па оттаму доаѓаме до училиште кое ни овозможува да учиме, a oваа концепција е развојна и се темели на анализа на концепции кои даваат одлични резултати.  Ова им помага на учениците да учат за одредени теми, и се дава можност учениците да го постигнат својот потенцијал. Апелирам до учениците и наставниците да ги следат реформите, овој концепт ќр биде детално објаснет на јавноста, истакна министерката за образование, Мила Царовска на денешната прес-конференција за тоа дека предметот историја се става во општествени  науки, идентично како и географија, по реакциите на професорите.

Во однос на државната матура, и за тоа дека се уште постојат негодувања кај неформалните средношколски групи и има ученици кои се приклучуваат на бојкотот и не ја следат онлајн наставата, министерката истакна дека полагањето на државната матура е законско обврзано и тоа кажува дека таа е задолжителна.

 

 

Поврзани новости