СДСМ работи и ќе продолжи да работи и да создава подобра иднина со граѓаните, заедно ќе ги креираме мерките и политиките што гарантираат развој и напредок и подобар квалитет на живот за сите, истакна потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на маалска средба во Неготино.
-Ова го покажавме и во изминатиот период преку реализираните реформи и силни инвестиции во сите сфери. Покажавме дека сме секогаш со граѓаните, отворено и транспарентно – рече Царовска.
Таа посочи дека конкретно во образованието во Неготино во текот на неполни 4 години се инвестирани над 4,7 милиони денари во училишни објекти и за основно и за средно образование.
-Во интерес на граѓаните продолжуваме да го унапредуваме и осовременуваме образовниот систем, преку директни вложувања во подобрување на условите во училиштата, создавање на квалитетни наставни програми и поддршка за наставниците – порача Царовска.