Царовска: Причините за вонредна состојба се исцрпени

by fokus

Вицепемиерката Мила Царовска во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека веќе се исцрпени основните причини зошто беше потребна вонредна состојба.

-Како и досега така и во наредниот период Владата ги разгледува сите оние анализи кои што се потребни и ќе ги донесеме одлуките во наредните неколку денови пред истекување на оваа вонредна состојба но по оние согледувања кои сега ги имаме исцпрени се сите потреби за продолжување на вонредната состојба, економските мерки се донесени и на денешната владина седница се донесоа неколку Уредби кои што беа од третиот пакет на мерки и со тоа основните причини зошто беше потребна таква оперативност на Владата и прогласување на вонредна состојба се да речеме исцрпени, изјави Мила Царовска.

Поврзани новости