Министерката за образование, Мила Царовска, смета дека стручното образование треба да се гледа како на едукациски систем што создава инженери, а не работничка сила.
-Значајно е за да ги погледнат сите можности кои образованието што ќе го изберат им ги понуди понатаму во животот, дали за факултет, дали за работно место или останување во животот. Средното стручно образование нуди многу повеќе можности во нашата држава и компаниите нудат подобри и поплатени работни места – вели Царовска.
Таа додава дека дуалното образование не го скратува правото на учениците своето образование да го продолжат на факултетите и во високите школи.
-Ова образование нуди проодност. Што значи дека никако не им го ускратува правото на учениците да продолжат во високо образование. Напротив, им дава подобра стартна позиција, посебно за техничките и сродните факултети. Затоа што стручните испити веќе ги учеле во средното и полесно ќе се справат со нив во високото образование – посочи Царовска.