Покачување од 722 денари во јануарската пензија, од понеделник, ќе добијат 324.000 пензионери. Ова денеска го најави вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска на заедничка прес-конференција со директорот на пензискиот фонд Шаип Зенељи и претседателката на здружението на пензионери Станка Трајкова.
„Ова зголемување доаѓа по стабилизација на пензискиот систем кој се случуваше во изминатите 2 години, но секако дека ова покачување се базира и на приходите на работоспособното население, односно на покачувањето на минималната плата и просечната плата“, истакна Царовска.
Прес-конференција на вицепремиерката Царовска [01.02.2020]
Во живо: Прес-конференција на вицепремиерката Царовска за исплата на зголемени пензии
Publiée par Влада на Република Северна Македонија sur Samedi 1 février 2020