Царовска: Образовната реформа продолжува, протестите се уставно право

by Fokus

Министерката за образование и наука Мила Царовска смета дека најавените протести и иницијатива за референдум за образовните реформи се уставно загарантирано право, но, нагласи дека реформата ќе продолжи со цел во фокусот на образованието да се стави ученикот и неговите потреби, затоа што таа не само што не е избрзана, туку можеби и задоцнета. Паралелно, рече таа, ќе се инвестира и во инфраструктура и во обуки и зајакнување на наставниот кадар. Резултати од новата образовна концепција, нагласи, може да се очекуваат по пет-шест години.

– Се се тоа уставно загарантирани права. Од иницијативата ги поставија барањата, ние како МОН имавме средба со нив им одговоривме на нивните барања, кои главно се однесуваат на тоа да се исклучи родовата еднаквост од образовниот систем. За тоа има закони кои се поминати во Собранието и гласани од сите политички партии, што значи дека има консензус за почитување на родовата рамноправност, што е и уставно загарантирано право и треба да биде дел од образовниот систем. Државата има ратификувано и многу конвенции и има обврска да се придржува и да рапортира кон нив. Сметам дека одговорите што ги добија во иницијативата ќе ги разгледаат и ќе расправаат по нив, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на училиштето „11 Октомври“.

Поврзани новости