Царовска: Новата училишна година да почне со физичко присуство

by Fokus

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска на отворањето на спортска сала во Волково, кажа на кој начин ќе почне новата учебна година.

Таа истакна дека во министерството се подготвени на три сценарија.

-Во моментов епидемиолошката состојба е добра, и очекуваме да биде таква и во септември. Ние во министерството за образование и наука сакаме да почне учебната година со физичко присуство, но сме подготвени на три сценарија. Првото е целосно отворање на училиштата и настава со физичко присуство. Второто сценари е комбинирано како што беше досега односно најмалите да следат со физичко присуство од прво до четврто одделение, а другите онлајн. Третото сценарио е да се следи наставата во групи, односно една недела една група да следи настава со физичко присуство, а другата недела друга група. Во секој случај ќе зависи од многу фактори, пред се од епидемиолошката состојба и од препораките од Комисијата за заразни болести. Ќе повторам дека сакам новата учебна година да ја започнеме целосно со физичко присуство, рече Царовска.

Поврзани новости