Недостигаат градинки и родителите имаат сериозен проблем да ги запишат своите деца во градинка. Во постоечките, капацитетите се преполни и скандалозно запишувањето во градинките оди само преку роднински или партиски врски, рече денеска на прес-конференција Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.
– Во групите се вклучени над 40 деца, иако согласно закон е од 8 до 25 деца, зависно од воздраста. Оваа состојба ни укажува на алармантност. Зголемениот број на деца во занималната се ризик по здравјето и безбедноста како за децата, така и на вработените во градинките. Некои податоци покажуваат дека само 4 проценти од вкупниот број на децата 0 до 3 години се вклучени во градинка. Што се случува со останатите дечиња, како се снаоѓаат родителите на овие деца – праша Царовска.
Таа вели дека во оваа немаштија ретко кој може да си плати да се грижат за неговото дете дома или опција се бабите и дедовците.