Министерката за образование и наука, Мила Царовска во вчерашното гостување на ТВ Клан порача дека нема потреба од промени оваа година во образованието и ќе се продолжи со ист модел и во второто полугодие.
„Во првото полугодие најголем предизвик беше како наставниците ќе се снајдат со онлајн наставата, но овој предизвик е надминат и второто полугодие го продолжуваме по веќе воспоставениот хибриден модел: онлајн, со физичко присуство и со следење на часови преку телевизија Она што е позитивен пример не треба да го менуваме и сметам дека второто полугодие ќе продолжи да се спроведува со комбинираниот модел и дека оваа учебна година ќе ја завршиме според успешно воспоставениот модел“, рече министерката Царовска.