630
Вицепремиерката Мила Царовска на денешната прес-конференција говореше за одливот на мозоци надвор од Македонија и како да се спречи тоа.
Како што истакна Царовска, стратегијата е да младите обучени со вештини да се вратат во Македонија.
„Ни се случува глобално движење. Вие не можете да им забраните на младите да го видат западниот свет. Тоа е противуставно и ограничување на слободата на движење. Младото лице со стекнати вештини да се врати во Македонија, тоа е стратегијата“, истакна Царовска.