Царовска најави: Проверка на имотот на судиите, награди за пријавувачите на корупција

by Фокус

Мила Царовска, носителка на пратеничката листа на СДСМ во 1 ИЕ, на ТВ 21 изјави дека верува во праведна, правна и ќиста држава. Воедно, таа најави повисок стандард, зголемување на минималната плата до 40 проценти и минимална пензија до 10 700 денари.

-Во наредниот период многу засилено ќе работиме, сите процедури и закони кои што се донесоа во изминатиот период да се стават во пракса. Ќе го проверуваме имотот на судиите и јавните обвинители. Ќе се укинат патните трошоци во Собранието. Граѓаните ќе добиваат награди ако пријават корупција. Ќе бидат преиспитани застарените предмети, таквата навика мора да престане. Секое застарување ќе значи директно разрешување на судиите – порача Царовска.

Поврзани новости