Царовска на средба со директорите за новите наставни програми

by fokus

Директорите на основните училишта на денешната онлајн средба ја информираа министерката за образование и наука Мила Царовска дека за учебната 2021/2022 фокусот го ставаат на подготовки за реализација на наставните програми за прво и за четврто одделение, соопшти МОН.

-Училиштата веќе работат на обезбедување на потребните ресурси за да можат првооделенците и четвртооделенците максимално да ги исползуваат придобивките на новите наставни програми. Очекувам повисок квалитет на настава, затоа што наставните програми обезбедуваат реализација на сродни теми од различни наставни предмети, секаде каде што е можно. Тие го поттикнуваат учењето со разбирање, развивањето на критичкото мислење и креативноста. Следат обуки на наставниците кои ќе ги реализираат програмите, истакна министерката Царовска.

Директорите на средбата дополнително информирале за текот на наставата и за другите активности поврзани со воспитно-образовниот процес.

Поврзани новости