507
Министерката за образование и наука Мила Царовска, вчера ја одржа првата иницијална средба за формирање на работна група МОН – млади која ќе биде вклучена во креирањето на сите важни политики и процеси поврзани со младите и унапредувањето на младинскиот стандард, како и реформите во образованието.
Како што соопшти МОН, Царовска на состанокот истакна дека младите се важен партнер во создавањето на успешни политики, а еден од приоритетите на министерството е токму создавањето на квалитетно образование и политики насочени кон младите.
Во работната група МОН-млади учествуваат претставници на младинските организации, Универзитетско студентско собрание и Сојузот на средношколци.