Царовска: Ќе се разгледува посочената содржина од учебникот по македонски јазик за четврто одделение

by Fokus

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, во вчерашното гостување во „360 степени“ зборуваше и за реакциите за учебникот по македонски јазик за четврто одделение за кој имаше забелешки дека во некои текстови несоодветно го третира семејството.

„Добив информација дека авторката и рецензентите заеднички ќе ги преразгледаат забелешките согласно реакциите на јавноста, иако тие во прв наврат посочуваат дека тоа се реални ситуации од животот кај некои семејства и дека децата треба да имаат увид и во такви ситуации. Рецензентите, Бирото за развој на образованието и авторката заеднички ќе утврдат што од тој текст ќе остане или нема да остане“, истакна Царовска.

 

Поврзани новости