Царовска ќе потпише колективен договор за високо образование

by Фокус

Владата ја овласти министерката Мила Царовска да потпише колективен договор за високо образование и наука.

„Со колективниот договор за првпат по 30 години се уредува системот на плати, се утврдува основната бруто-плата со коефициент на сложеност на работното место во високото образование. Дополнително предвидено е зголемување на платата на наставниот и ненаставниот кадар во септември 2021 година и во септември 2022 година“, велат од Владата.

Според најавите, со овој договор ќе се утврди и исплатата за минат труд кој во изминатиот период воопшто не се исплаќал или се исплаќал, но со големи тешкотии од страна на факултетите.

Поврзани новости