Царовска: Јанушев ги вознемири сите жени во државата

by Frosina Fakova

Страшно ме вознемири она што го слушнав денеска од кандидатот за пратеник на ВМРО – ДПМНЕ, Јанушев, а ги вознемири и сите жени во државата и сакам јавно да го осудам, изјави носителката на листа за пратеници во Изборната единица 1, Мила Царовска.

– Она коешто го слушнавме ни покажува како таа политичка партија се и како мажите од таа политичка партија управуваат со жените коишто имаат различно мислење. Сите ние имаме право на различно мислење. Сите ние имаме право на наше размислување и токму затоа се бориме денес почитувањето на женските права да останат високо на агендата на нашата држава, рече Царовска.

Поврзани новости