До вчера се регистрирани 14 ученици позитивни на ковид-19, но тие не се заразиле на училиште. Тоа е 0,01 од вкупниот број на ученици кои посетуваат настава со физичко присуство, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.
-Потенцирам, сè уште нема интерна трансмисија во ниту едно училиште. Епидемилошките служби како и Државниот санитарен инспекторат се на терен. Кои ученици и училишта се таа информација ја имаат надлежните. Покажувањето со прст кон училиште или ученик нема да донесе добро на никого. Имаме само 14 позитивни случаи кои немаат интерна трансмисија, но тоа е 0,01 процент од сите ученици во земјава, изјави Царовска.
Учебната година започна со физичко присуство на сите ученици од основните и средните училишта и доследно почитување на сите мерки за заштита од Ковид-19.
Според податоците на Министерството за образование и наука, добиени од раководствата на училиштата на втори септември, меѓу учениците, само 0,01 % се активни случаи на Ковид-19. Ист е процентот и кај наставниот кадар.