Царовска го испрати синот Давид на првиот училишен ден

by Fokus

Министерката за образование, Мила Царовска денеска го испрати својот син Давид за првиот училишен ден во трето одделение.

-Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата и често миј раце”- му порача Царовска на синот Давид, кој денеска започнува трето одделение.

-Ова е мојата порака и до сите деца кои денеска седнуваат за училишните клупи. Бидете внимателни, заштете се себе, а со тоа ги чувате и сите околу вас. Почитувајте ги наставниците и грижете се едни за други. Оваа училишна година е навистина различна, Ковид ни наметна нови правила. Но, не дозволувајте ништо да ве спречи да продолжите да учите, да се развивате и да ги следите своите соништа. Среќно!, напиша Царовска на Фејсбук.

Поврзани новости