660
Вицепремиерката Мила Царовска во вечерашната емисија „Патот кон“ на телевизија Алсат рече дека ѝ е драго што опозицијата од денеска ја менува реториката во однос на владините мерки за справување со коронавирусот.
-Мислам дека ова е одличен пресврт во опозиционата партија ВМРО-ДПМНЕ. До вчера излегуваа на прес-конференции, зборуваа за тоа како системот не функционира, како здравството не одговара и денеска сум среќна што признаваат дека Северна Македонија како и сите земји е погодена, но и дека се справува соодветно, одлично согласно можностите коишто ги имаме во овој момент, рече Царовска.