Царовска: Дополнително ќе се регулира мерката за ослободување на родителите од работа за деца до 10 години

by fokus

Дополнително треба да се регулира начинот на ослободување од работа на родители на школски деца до 10 години и на деца во градинка, најави денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска.

-Таа мерка трае, не треба да се донесува. Станува збор на кој начин ќе се регулира ослободувањето и на кого, кога градинките и училиштата ќе почнат да работат. Во моментот кога таа одлука ќе биде донесена на Влада, јавноста ќе биде информирана, рече Царовска одговарајќи на новинарско прашање, дали по вчерашната одлука за отворање на градинките и почнувањето на наставата на 1 октомври, оваа мерка ќе се укине.

Денеска, пак, министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска, прецизираше дека мерката за ослободување од работа на родители кои имаат деца до 10 години во моментот важи само за оние родители чии деца се запишани во градинка.

Поврзани новости