Во рамки на отчетот посветен на 100 дена Влада, министерката за образование и наука, Мила Царовска, посочи на кои се концепти беше фокусирано ресорното министерство во изминатиот 100 дневен период.
-Сите заедно бевме свесни дека не беше едноставно да се следи настава во Ковид криза. Сепак, донесовме модел и реформи во образованието кои помогнаа непречено да се води образовниот процес. Се трудевме да обезбедиме навремена настава, но и да обезбедиме заштита на јавното здравје. Немавме избор и моравме да креираме систем кој ќе одговара на сите нас. Успеавме да стигнеме до резултати и услови во време на пандемија, вели Царовска.
Како што посочи минисерката, успешно се заврши оценувањето во првото тримесечје, а наближува и полугодието без никакви проблеми. Преку 90%, вели Царовска има ученици кои ја следат наставата онлајн. Практичните настави во училиштата се оддржуваат непречено со физичко присуство и заштита со почитување на сите протоколи.
-Во изминатиот период работевме и на дигитализација во образованието. Со ова на долг рок ги овозможуваме условите во Ковид криза. Се посветиме на инклузивноста на образованието за сите за што беа издвоени 54 милиони денари, истакна Царовска.