Царовска до наставниците: Вакцинирајте се масовно

by Fokus

Министерката за образование, Мила Царовска ги повика просветните работници на масовна вакцинација, со цел стекнување колективен имунитет што побрзо.

„Апелирам наставниците и сите придружни и помошни кадри да се пријават за вакцина за да се зголеми процентот на имунизирани што работат во училиштата. Задоволни сме од процентот на вакцинација, но значајно е тој и натаму да продолжи и затоа во континуитет се повикуваат и информираат. Мислам дека процентот и натаму ќе се зголемува“, истакна Царовска.

 

Поврзани новости