Царовска: Бескаматни кредити за компаниите и субвенција на придонеси на плати до 50 отсто

by Fokus

Покрај здравствените ризици, короната донесе и економски предизвици, затоа економскиот тим на Владата по темелните анализи дојде до прв сет на мерки преку кои земјата ќе се справува со економската криза на компаниите, изјави вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска .

-Првата мерка е директна финансиска поддршка за ликвидност на микро, мали и средни претпријатија од страна на Развојната банка на Македонија, 5,7 милиони евра со која ќе се кредитираат директно компании поради неликвидност, кредитите со големо внимание да поддржат компании кои се директно погодени од корона вирусот и тоа со суми од 3000 до 30.000 евара, рече Царовска.

Таа објасни дека овие кредити се бескаматни, а грејс периодот на отплата е од шест месеци до 2 години.

-Втората мерка е во однос на мерката за исплата на плати, бидејќи приоритет е да се задржи секое работно место,  обезбедуваме субвенционирање на секторите транспорт, туризам угостителство и други погодени сектори, за месец април, мај и јуни 2020 во висина од 50 проценти од придонесите по вработен за исплатена просечна плата во земјата -објасни Царовска.

Според неа, услов е компанијата да не го намалила бројот на вработени во месец февруари 2020 година под бројот на вработени, да не исплатила дивиденда, награди и бонуси.

 

Поврзани новости