543
Состојбата со корона вирусот ќе се следи, но ние сме подготвени за секакво можно сценарио за од септември. Ова денеска го истакна министерката за образование, Мила Царовска.
„Ние имаме подготвено три концепти, а кој од нив ќе употребиме, ќе зависи од епидемиолошката состојба во земјава. Подготвени сме и за онлајн учење, но се уште не можеме да кажеме со сигурност со кој концепт ќе почнеме од септември. Верувам дека, ако ги почитуваме мерките, ќе имаме полни училишни клупи од септември. Ако почневме со дигтализацијата на учебниците, сега немаше да се соочуваме со вакви проблеми“, истакна Царовска.