652
Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска истакна дека Владата досега презела десетици мерки за справување со штетите од корона-кризата. Мерките, како што рече таа, се донесени под мотото „Се грижиме за сите“, а се воделе од принципот на недискриминација и почитување на човековите права.
Царовска додаде дека инспекциските служби направиле повеќе од 33.000 надзори за имплементација на владините мерки, а 140 работници кои биле отпуштени за време на корона-кризата се вратени на работа.