Четириесетиседумгодишна Косовка пријавила дека, додека била извршувана контрола врз нејзиниот багаж од царински службеници, и биле одземени 3.000 евра, пренесува МВР.
„На 08.02.2019 година во 12,45 часот на Граничниот премин “Меѓународен Аеродром-Скопје“ од Стокхлом-Шведска допатувала A.B.P.E.(47) од Глоговац-Косово, а со место на живеење во Шведска. По извршената пасошка контрола и проверка дозволен и бил влез во Р.Македонија, но во 13,15 часот од страна на вработен во безбедност на ТАВ, било пријавено дека таа сака да пријави настан на полициските службеници. Од страна на A.В.Р.Е. било пријавено дека додека и била вршена контрола врз нејзиниот багаж од двајца царински службеници и биле земени 3.000 евра. Со пријавителката извршиле разговор и лица од Секторот за професионална одговорност на Царинската управа. Се работи на расчистување на случајот“, додава МВР.