411
Мобилните тимови на Царинската управа спречиле нелегален влез на мигранти во државава.
Според информациите на Царинската управа, на 14-ти овој месец на граничната царинска испостава „Богородица“, при контрола на товарно моторно возило со српски регистарски таблички, пријавено за транзит, биле пронајдени 5 мигранти без документи за идентификација.
„При детална контрола на возилото извршена со мобилен скенер, во делот од приколката наменет за резервни делови, биле пронајдени петте лица со потекло од Конго и Авганистан“ велат од Царина.
Оттаму информираат дека лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при МВР за нивна понатамошна постапка.