Жител од Охрид, вработен како цариник на граничниот премин „Блато“ доби кривична пријава поради злоупотреба на службена положба и овластување.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Г.М.(51) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, како царински службеник на граничниот премин „Блато“, на македонско-албанската граница, пропуштил разновидна прехранбена стока без декларација, сопственост на В.И. од Дебар и овозможил стоката да ја премине царинската линија со избегнување на царинска контрола и без наплата на увозни давачки. Со тоа, му овозможил на В.И. да се стекне со противправна имотна корист во износ од околу 468.000 денари“, велат од МВР.