Цариник на граничниот премин Делчево паднал од камион, со тешки повреди однесен во болницата во Штип

by Fokus

 Вработен во Царинската управа во испостава Делчево завчера паднал од кабина од камион и се здобил со тешки телесни повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тој е однесен на лекување во Клиничката болница во Штип. 

„На 15.06.2023 во 19.50 часот во Полициска станица Делчево е пријавено дека во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош е донесен В.Г.(51) кој, според пријавеното, околу 18.44 часот на Граничен премин „Делчево“ додека извршувал работни задачи како вработен во Царинска испостава Делчево, паднал од висина од кабина на камион кој бил застанат за царинска контрола, при што од лекар му е констатирана тешка телесна повреда. За настанот е запознаен Јавен обвинител“, соопшти Министерството за внатрешни работи. .  

Поврзани новости