Царинските службеници на граничниот премин Табановце заплениле 130 килограми марихуана, спакувана во хартиени вреќи од по 2 до 3 килограми, чија проценета вредност е околу 700.000 илјади евра.
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
Дрогата во 14 торби скриени во камионот во сопственост на превозна компанија од Словенија, ги пронашле царинските службеници при контрола на возилото.
Шверцерот прво им кажал на цариниците дека во комбето нема роба за царинење, па откако се откриле торбите, рекол дека во нив има цигари и понудил мито.
Цариниците ги одбиле парите, ја откриле дрогата и полицијата го уапсила возачот.