Царина заплени 2 000 брендирани парчиња „луј витон“,„диор“,„гучи“, „версаче“

by Fokus

Речиси две илјади парчиња брендирана облека, обувки и женски чанти со потписот на „луј витон“, „диор“, „монклер“, „гучи“, „версаче“, „барбери“, „мајкл корс“и други познати модни брендови се запленети од страна на мобилен тим при Секторот за контрола и истраги по извршена контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит на граничниот премин „Деве Баир“, соопшти денеска Царинската управа.

Оттаму велат дека пратката била од Турција и требало да се транспортира до Босна и Херцеговина.

„Согласно направената процена, доколку овие производи се продаваат како оригинали, на пазарот нивната вкупна вредност би била 19,9 милиони денари“, велат од Царинската управа.

Според Царина, контролата е спроведена по преглед на документацијата и сомнение во изјавата на возачот, при што во камионот се откриени 1 907 парчиња облека, обувки и чанти, сите со потпис на познати модни брендови.

„Против превозникот е поднесена пријава за повреда на право од интелектуална сопственост, а производите се запленети“, додаваат од Управата.

 

Поврзани новости