Сефер Цаноски по втор пат денеска се огласи на Фејсбук, по повод тринаесеттата бомба на опозицијата. Откако и порача на власта дека сите ќе платат за злото што го направиле, сега тој напиша дека иако му велат да не зборува, тој нема да замолчи. Цаноски се прашува како народот ќе се разбуди, ако оние кои се директно оштетени и жртви на оваа власт, молчат.
„Ми викаат не пишувај , не зборувај.
Ќе си земеш оштета и тоа ти е доволно.
Па јас бре луѓе не сакам да живеам во ваква држава , не сакам да живеам со лидер кој руши се што не му е по ќејф.
Ние со години продуцираме високообразовани правници , економисти , политиколози …
Па за каде , за кој систем кадри ако општеството ни е лудо?
Ако оние кои ја водат државата се пример за криминал и корупција.
Ако оние кои треба да бидат примерни и да се однесуваат одговорно се однесуваат спротивно на тоа.
Зарем треба да се плашам за своето?
Зарем ние кои сме жртви на овие недоквакани , неизживеани да молчиме?
Па што останува со народот .
Како народот ќе се разбуди ако ние молчиме не ми е јасно…“, пишува Сефер Цаноски на својот Фејсбук профил.