531
Во денешното гостување во 24 Тренд анализа, бизнисменот Сефер Цаноски за случајот ТНТ односно за уривањето на Космос. За тоа какви се неговите очекувања, тој потенцираше дека се што се случува, тој има надеж во утрешниот ден.
„Се разочаравме уште на времето, во 2012 и тогаш решивме да останеме во државата Имавме рок од шест месеци да заминеме, знаевме по затворањето на А1 телевизија што не чека, но решивме да останеме. Тука ни беше се и капиталот и не заминавме, останавме. Осум и пол години имаме право да бидеме најразочарани и да плукаме по секој дел од системот, но очекувањето дека ќе се сменат работите беа сведени на минимум. Сакам да верувам дека утре ќе се смени процесот, морам да верувам.“ – рече Цаноски.