Сопственикот на објектот Космос, Фијат Цаноски во обраќање до премиерот Груевски се осврна на бројните нелогичности при рушењето на објектот, во 2011 та година.
„Ве прашувам кој ќе ги плати штетите од рушењето на Космос кои се проценети на околу 68.000.000 евра, дали вие лично или заедно со Миле Канакиевски или ќе оставите да го платат граѓаните на ова сиромашна Македонија“ прашува Цаноски, откако претходно констатираше дека не се запазени законските норми при вакви постапки.
„Од каде меревте од кој булевар или улица дека било повисоко за 1.43цм? Кога и тогаш и сега нема ниту булевар ниту улица? Зошто не сакавте да го гледате вештачењето од градежен факултет каде што ви објаснуваат како се мери кота нула? И каде што ви напоменуваат дека објектот не отстапува ниту милиметар од дозволата за градба? И зошто ако ги знаел котите вашиот градоначалник Тони Трајковски не ми ги дал во условите за градба“, праша Цаноски.
„Зошто вашите градоначалници одма после рушењето ми ги наплатија сите кумуналии од 5.200.000евра и плус камати од 2.000.000евра кога немаа намера да ги изведат и булеварот и споредните улици, а и до ден денес немаат преземено никакви активности и ако во договорот стои дека се обврзани да ги изведат во рок од пет години а тој рок помина?
Зошто вашата УЈП ми наплати 900.000евра за ддв на рушење кога не е по Устав и закон да се плака ддв на нешто што не постои?
Зошто вршевте притисоци до банките да се распродаде целокупниот мој имот во вредност од преку 50.000.000евра, а ваши послушници го проценија на само 9.000.000 евра или па имавте некој купец од Белизе па сакавте да го земете за багатела?“ праша Цаноски.
Уште при уривањето на Космос јавноста се сомневаше во политичката одмазда кон Фијат Цаноски од страна на власта. Цаноски во тоа време застана зад Велија Рамковски и А1 телевизија, а подоцна неговата партија се приклучи кон опозицскиот фронт.
Објавата на бомбите пак покажа дека станувало збор за чист реваншизам, а во разговорите се слушаше гласот на Груевски како со задоволство зборува за уривањето на објектот. Космос, во тоа време требаше да биде најголемата градежна инвестиција во Македонија, но сега 4 години подоцна од него не остана ништо.