Цакај му го честиташе изборот на Османи за „прв албански дипломат на Македонија“

by fokus

Албанскиот овластен министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај му го честиташе изборот за нов шеф на македоснката дипломатија на Бујар Османи, изразувајќи подготвеност за зголемување на динамиката за членство во ЕУ.

Цакај во објава на Фејсбук, напиша дека телефонски разговарал со „првиот албански дипломат на Македонија“ и оти со него на чело на дипломатијата ќе се зајакне соработката меѓу двете земји и ќе се забрза динамиката за членство во ЕУ.

-Денеска остварив телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Северна Македонија господинот Бујар Османи. Му посакав неизмерен успех во неговиот историски мандат како прв албански прв дипломат на Северна Македонија. Уште повеќе што како заменик премиер и главен преговарач, тој презеде друга историска одговорност – политичко и дипломатско раководство на преговорите за членство во Европската Унија, напиша Цакај.

Посочува дека „со Бујар на чело на дипломатијата на Северна Македонија, ќе продолжиме да работиме на понатамошно продлабочување на билатералните односи, зајакнување на регионалната соработка и зголемување на политичката динамика за членство во ЕУ“.

Поврзани новости