Локомотива на „Македонски железници“ изгоре денеска, пред железничката станица „Рајко Жинзифов“.
Според првичните информации се работи за електрична локлмотива, пожарот е изгаснат, а за среќа нема повредени.
Денеска во ЦУК од ЈП „Македонски железници“ е добиено известување дека околу 15:00 часот помеѓу железничка станица „Рајко Жинзифов“ и Велес се запалила локомотива од товарен воз, и притоа машиновозачот ја откачил локомотивата од вагоните, за да не се прошири пожарот.
Заради непристапноста за гаснење на запалената локомотивата со ПП возило таа била гасена со противпожарни пп апарати. Според последната информација во ЦУК, пожарот се уште не е целосно изгаснат, но според известувањето од МЖ гаснењето е при крај.
Се прави увид и проценки за оштетеност на пругата, а локомотивата е целосно изгорена.