Од вкупно 22 заразени бремени жени со Ковид 19, 12 биле без симптоми, а седум биле хоспитализирани

by Fokus

Вкупно 22 бремени жени се регистрирани досега како заразени со Ковид 19, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Според информациите од ИЈЗ, дури 12 од нив немале никакви симптоми на опасното заразување, а седум биле хоспитализирани.

„Фокус“ пред повеќе од два месеци објави дека 27-годишна родилка од Куманово, која се породила на скопската Клиника за Гинекологија е позитивна на корона вирусот и веднаш после породувањето беше префрлена на скопската Клиника за Гинекологија. Таа беше префрлена на клиниката поради влошена здравствена состојба и отежнато дишење, каде по краток период почина. Бебето имаше негативен тест и беше хоспитализирано на Гинеколошката клиника.

Исто така, уште една родилка позитивна на корона вирусот на средината на април беше примена на скопската Клиника за Гинекологија. Стануваше збор за 28-годишна жена од Матејче, кумановско која дошла да се пораѓа на Клиниката без никакви симптоми на Ковид 19. Во тој период најопасна беше ситуацијата во Куманово, па сите кои ќе дојдеа од тој дел завршуваа најпрвин во изолациониот дел каде се сместени сомнителните случаи.

Ирена Мулачка

 

Поврзани новости